ВИДЕО: Нов напад на руски брод кај Либија

Од:

Помалку од 24 часа откако во експлозија во либиското пристаниште Бенгази беше уништена руската воена корвета „Меркуриј“, денеска кај брегот на градот беше изведен нов напад со поморски дронови камикази. Во нападот бил погоден и запален трговски брод, јавува „Ал Арабија“, повикувајќи се на локални извори.

На снимките што се проширија на социјалните мрежи и во арапските медиуми се гледа густ црн чад како се издигнува од брод во либиските територијални води, недалеку од Бенгази.

Според информации на канали кои следат воени активности преку отворени извори (OSINT) и локални извори, цел на нападот повторно биле руски пловила. Во воздухот биле забележани и хеликоптери кои се обидувале да го одбијат нападот.

Засега нема официјални информации за идентитетот на нападнатиот трговски брод, ниту за евентуални жртви и причинетата штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Моментот на експлозија на руската корвета вредна 200 милиони долари

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Бизарни детали од животот на Епстин: Во Москва барал млади манекенки и очајнички се обидувал да стигне до Путин

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски

Во септември, Русија поседуваше американски државни обврзници во вредност од 25 милиони долари

Горан Наумовски