На 18 ноември во 9:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канцеларија на претседателката на државата, на улицата „Димитрија Чуповски“ во Скопје, вработените пронашле писмо со заканувачка содржина.
Во врска со случајот е лишен од слобода 46-годишниот В.К. Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
