Брнабиќ и Николиќ ќе мора да ги напуштат државните вили на Дедиње по промената на власта во Србија

Од:

Ана Брнабиќ и Томислав Николиќ ќе мора да се иселат од државните вили во белградската населба Дедиње кога Србија ќе добие нов претседател и нова влада, објави српскиот портал „Нова.рс“, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.

„Тие ќе мора да се иселат во моментот кога ќе дојде новиот претседател или претседателка на државата и новата влада“, изјавил изворот за порталот.

Бранабиќ живее во вилата на улицата „Александар Караѓорѓевиќ“ број 75, која претходно била резиденција на Јованка Броз. Томислав Николиќ, пак, ја користи вилата на улицата „Ужичка“ број 23 во Белград.

Бранабиќ претходно ја извршуваше функцијата претседателка на Собранието на Србија, а по изборот на Александар Чупиќ ја вршеше и функцијата вршител на должноста претседател на државата.

На Николиќ вилата во „Ужичка“ му била доделена во ноември 2018 година, по измените на владината уредба за недвижности наменети за репрезентативни потреби на Република Србија.

Одржувањето на вилата на Николиќ чинело околу 3.400 евра месечно

Посебно внимание привлекуваат трошоците за одржување на резиденцијата во која живее поранешниот српски претседател.

Според податоците што порталот „Инсајдер“ ги објави во 2018 година, просечните месечни трошоци за одржување на вилата во „Ужичка“ изнесувале околу 400.000 динари, односно приближно 3.400 евра.

Тогаш српската влада потврдила дека во овие трошоци се вклучени одржувањето на објектот, чистењето, комуналните услуги и греењето.

Со доаѓањето на новото државно раководство, Бранабиќ и Николиќ ќе мора да ги напуштат резиденциите што досега ги користеле.

Би можело да ве интересира

Нови тензии во БиХ: Повторно се отвора прашањето за поделба на државата

„Ова го правам за граѓаните“: Вучиќ во Собранието пушти снимка од сопругата на „Веља Невоља“ за да се огради од него

(ВИДЕО) Јогурт врз пратеничка пред српското Собрание: Србија ги смени властите, но не и политичките навики

Предраг Петровиќ

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

ВИДЕО: Првата седница на новиот српски парламент на 17 ноември