Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Од:

Многубројни граѓани од Крива Паланка и околните села  се приклучија на мирниот протест кај мотел „Македонија“, изразувајќи поддршка за барањата за безбедност, заштита на имотот и итно спроведување на решенијата за одземање на добитокот.

Под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“, присутните побараа неодложни, координирани активности на надлежните институции и трајно решавање на проблемот.

 

„Одиме до крај, додека не биде спроведен законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот. Оваа агонија и голгота мора да престане. Дадов збор дека ќе останам со народот до крај и тој збор ќе го одржам“, порача градоначалникот Сашко Митовски.

Митовски побара надлежните институции да ги исполнат своите обврски и да ги спроведат решенијата донесени пред повеќе од две и пол години. Нагласи дека граѓаните предолго ги трпат последиците и дека заштитата на нивните семејства, имоти и егзистенција бара итно постапување.

 

На протестот се обрати и претседателот на Советот на Општина Крива Паланка, Миле Трајковски, кој порача дека остануваат со граѓаните до решавање на проблемот и најави порадикални протестни мерки доколку изостане конкретно институционално постапување.

Свое обраќање имаше и пратеникот Љупчо Николовски со поддршка за своите сограѓани, а поддршка со своето присуство изрази и пратеникот Борислав Крмов.

Оштетени граѓани сведочеа за уништени насади, оштетени имоти, големи материјални загуби и закани со кои се соочувале. Побараа заштита на своите семејства и услови за безбедно живеење и непречено обработување на земјоделските површини.

 

Денешниот протест следува по мерките предложени од Општинскиот кризен штаб, барањето за прогласување 30-дневна кризна состојба и многубројните јавни апели. На 18 ноември, градоначалникот и засегнати граѓани поднесоа кривични пријави со барање да се испита одговорноста за неспроведувањето на решенијата. Доставени се и претставка до ДКСК и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат.

 

 

Би можело да ве интересира

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема, во владата на СДСМ и ДУИ беше намалена за пет отсто

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Кардиоваскуларни заболувања – кога е доволно следење, а кога е потребен зафат

Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово