Тројца полицајци претепаа дете затоа што возеше мотоцикл без дозвола

Од:

Одделот за внатрешна контрола на МВР поднесе кривична пријава против С.С., Б.Г. и Ј.И. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

– На 29.07.2026 околу 5:05 часот во Охрид, пријавените С.С. и Б.Г., полициски службеници од СВР Охрид и Ј.И., полициски службеник од Србија, при вршење на службени дејствија сопреле мотоцикл управуван од малолетник без дозвола, кој се обидел да побегне. Набргу го фатиле и кон него употребиле физичка сила, гумена палка и тврд предмет и му нанеле повреди на повеќе делови на телото. По наредба на ОЈО ГОКК, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави барање до надлежната служба за внатрешна контрола при МВР на Република Србија за вршење службен разговор со Ј.И.. Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници С.С. и Б.Г. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место-суспензија.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци

Полициските службеници им го „расчистуваа“ патот на шверцерите на луѓе

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски