СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

Од:

Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните криминалната власт на Мицкоски не ги непрефрлила во вториот пензиски столб. Тоа се пари што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сигурна и достоинствена пензија. Арамиската власт на Мицкоски ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, велат од СДСМ.

– Институциите, Фондот на ПИОМ имаат законска обврска да ги префрлат придонесите во вториот пензиски столб во рок од пет дена. А поминале месеци. Тоа повлекува кривична одговорност која треба да започне од Никола Мемов, директор на Фондот на ПИОМ. СДСМ бара парите веднаш да се префрлат и Јавното обвинителство да постапи и да утврди одговорност. Работниците ги заработиле тие пари. Власта е должна да ги префрли, а одговорните за доцнењето да одговараат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ