Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во разговорите за глобалната безбедност и предизвиците во светот

Од:

Постојат многу глобални предизвици во светот, но добро е што Македонија е на масата и заедно со останатите држави учествува во решавање на овие глобални предизвици, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски од Берлин, по завршување на настанот што го организираше германскиот канцелар Фридрих Мерц.

– Ова ќе биде тешка зима, тешка зима насекаде во Европа, тешка зима и за Македонија. Но, она што е важно е дека ние работиме на тоа граѓаните оваа зима да ја поминат како што ги поминуваат сите зими во нормални услови, без разлика на предизвиците во светот. Иако, би рекол дека денес во светот се води тивка, трета светска војна, сепак ние успеваме да најдеме начин, да креираме стратегија со којашто ќе го олесниме стандардот на македонските граѓани – вели Мицкоски во изјавата.

На настанот, на кој се разговараше за глобалните предизвици и за безбедносната состојба во светот, присуствуваа и специјалните преговарачи на САД во случајот со Украина, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а телефонски се вклучи и американскиот претседател Доналд Трамп кој брифираше за неговата средба со претседателите на Русија и Кина.

Би можело да ве интересира

Левица: Македонија единствена европска земја против хуманитарна помош за Палестинците – ДПМНЕ ја влече државата кон талогот на цивилизацијата

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници

Општина Охрид ги интензивира активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за третман на комуналниот отпад

Проф. д-р Жан Митрев на МАСИТ: примената на иновациите во здравството не е нов концепт, туку процес што се развива со децении

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата

Горан Наумовски

Насилникот во Охрид пуштен, таткото на Сара од вчера  во полициска станица-правда мора да има

Предраг Петровиќ