СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

Од:

Секој ден има нова потврда на она што го кажува СДСМ веќе со месеци за последиците од криминалното владеење на Мицкоски. Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните не се префрлени во вториот пензиски столб. Тоа се пари на 650 илјади граѓани, што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сопствената пензија, тврдат од СДСМ.

– Префрлањето пари не е волја на Мицкоски, туку законска обврска на директорот на Фондот за пензиско да ги префрли парите во вториот пензиски столб. Ќе реагира ли сега Јавното обвинителство или повторно ќе молчи? Организираната криминална група ја загрозува исплатата на идните пензии на над 650.000 граѓани. Дупката во ПИОМ е веќе 1 милијарди евра. Власта го загрозува и вториот пензиски столб.

Нема пари за работниците, нема пари за пензионерите, нема при за повисока минимална плата. Нема пари земјоделците. Нема пари за повисок студентски оброк. Пари има само за криминалните тендери на власта. За само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за околу 4 милијарди евра. За 2027 година, Мицкоски и Кочоска планираат ново задолжување од речиси 2 милијарди евра. Ова е економскиот дебакл на Мицкоски, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски