Руски државјанин e обвинет за шпионирање на вработени во американска воена компанија

Од:

Рускиот државјанин Игор Дију е обвинет во Соединетите Држави за шпионирање вработени во компанија од Силиконската долина, која е активна во технолошкиот и одбранбениот сектор, соопшти Министерството за правда на САД.

Според обвиненијата, Дију – постапувајќи по наредби на поединци за кои се верува дека се поврзани со руските разузнавачки служби – собирал информации за активностите на компанијата, поради нејзината улога во снабдувањето на Украина со оружје, пренесува „Асошиејтед прес“.

Судските документи и изјавата на ФБИ укажуваат на тоа дека осомничениот често престојувал во кафуле во близина на седиштето на компанијата во Северна Калифорнија, каде што ги идентификувал вработените и ги фотографирал екраните на нивните лаптопи. Тој, исто така, прибирал податоци за нивните домашни адреси и лични информации, а во одредени случаи и ги следел вработените со автомобил откако ќе го завршеле работниот ден.

Би можело да ве интересира

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен

Во септември, Русија поседуваше американски државни обврзници во вредност од 25 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски бара од САД пристап до „Старшилд“: Технологијата може да го промени текот на војната

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Гарибабади: Нема да чекаме САД први да нападнат