Си го смести Трамп до себе, а Путин подалеку на вечерата – реагираше Кремљ

Од:

На свечената вечера за време на самитот на АПЕК во Шенжен, кинескиот претседател Си Џинпинг го смести американскиот претседател Доналд Трамп веднаш до себе, додека рускиот претседател Владимир Путин беше сместен подалеку, од другата страна на кинеската прва дама, Пенг Лијуан.

Според извештајот на независниот руски медиум „Медуза“, помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, се пожалил дека Путин не можел да разговара со Трамп бидејќи седеле на различни маси.

За време на фотографирањето на делегациите, Трамп исто така стоеше веднаш до Си, додека Путин зазеде место од другата страна на Пенг Лијуан, до виетнамскиот претседател То Лам.

Разликата во третманот кон двајцата претседатели привлече внимание во медиумите, особено со оглед на тоа што Си лично го пречека Трамп на аеродромот, додека Путин беше пречекан од висок кинески функционер, Цаи Ќи.

Не е познато дали распоредот на седење носел некаква посебна дипломатска порака.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп покажа кон Путин: „Кој е тоа? Тоа е мојот пријател“

Европа стравува дека Трамп и Путин ќе договорат мир без Украина и ЕУ

Сибиха: Украина очекува Трамп и Си да го искористат своето влијание врз Путин за да ја завршат војната

Милиони документи на Дојче банк откриваат спорните врски на Епстajн, Трамп и руските олигарси

Горан Наумовски

Тројцата лидери се сретнаа, утре на една маса: Трамп, Си и Путин на историска средба во Кина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп пристигна во Кина, Си Џинпинг го пречека на аеродромот

А1он