Песков: Русија нема претерано високи очекувања од трилатералната средба во Кина

Од:

Русија нема претерано високи очекувања од трилатералните разговори меѓу претседателите на Русија, САД и Кина – Владимир Путин, Доналд Трамп и Си Џинпинг – кои треба да се одржат во Шенжен, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Немаме претерано високи очекувања. Нашите очекувања се прагматични: дека ќе дојде до добра размена на мислења за низата прашања за кои веќе е постигнат договор, како и за други теми за кои лидерите ќе проценат дека е потребно да се разговара“, рече Песков, пренесува „РИА Новости“.

Путин денеска пристигна во Шенжен, каде што на 18 и 19 ноември се одржува самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп пристигна во Кина, Си Џинпинг го пречека на аеродромот

А1он

Стуб ја предупредува Европа: Неодговорно е преговорите со Русија да ѝ се препуштат на Америка

Украинската војска тврди: Дел од Кримскиот мост e уништен по успешен напад

Трамп: САД ќе ја достигнат Кина во производството на ретки земјени метали за 10 месеци

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ: НАТО стигна до границите на Русија

Досега, преку размена на затвореници, повеќе од 8.000 луѓе се вратени дома