Бугарските власти открија операција за сајбер-шпионажа во која меѓународни хакерски групи имале неовластен пристап до владините мрежи речиси пет години, при што украле 62 милиони страници документи. Ова денеска го изјави Иван Василев, министер за иновации и дигитална трансформација, за време на брифинг по состанокот на Советот на министри.
Операцијата започнала во 2021 година и траела до август оваа година, кога бил откриен неовластениот пристап, пренесува „Новините“.
Според извештаите, хакерите се инфилтрирале во системите што државните институции ги користат за размена на документи и информации, движејќи се низ различни делови од инфраструктурата и собирајќи податоци за функционирањето на администрацијата.
