Зеленски бара од САД пристап до „Старшилд“: Технологијата може да го промени текот на војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Држави би можеле да ѝ помогнат на Украина да ја зајакне својата одбрана преку овозможување пристап до системот „Старшилд“ (Starshield) – сателитска комуникациска мрежа која би можела да се искористи за уништување на непријателските системи за лансирање балистички ракети, лоцирани во близина на границата.

Во своето обраќање, Зеленски истакна дека уништувањето на руските и севернокорејските системи за лансирање балистички ракети, позиционирани во близина на украинската граница, би можело да ја поттикне Русија побрзо да ја заврши војната, а САД би можеле да помогнат во тој напор, пренесува „Укринформ“.

„Сите знаат што е потребно за ова. Сите разбираат дека ова би можело да биде ефективно. Сепак, наместо да се обезбеди правото на одбрана на овој начин – преку овозможување сателитски комуникации за уништување на руските и севернокорејските системи за лансирање балистички ракети во близина на нашите граници – гледаме спротивно“, рече Зеленски.

Тој додаде дека ограничувањата за сателитскиот комуникациски и безбедносен систем „Старшилд“ – дизајниран за употреба од страна на американската влада, војската, разузнавачките служби и нивните партнери – остануваат на сила над привремено окупираните територии.

„За ова разговараме со нашите партнери, со американската страна“, посочи Зеленски. Ограничувањата на брзината на комуникација за сателитите „Старшилд“ на привремено окупираните територии на Украина се на сила веќе седми ден по ред; според украинските претставници, ниту Пентагон, ниту „Спејс-икс“ (SpaceX) – компанијата што го разви „Старшилд“ – сè уште немаат дадено никакво објаснување.

Би можело да ве интересира

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а потоа вината да ѝ ја префрли на Украина

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Германија и Норвешка издвојуваат 300 милиони долари за американски ракети за Украина

Украинската војска тврди: Дел од Кримскиот мост e уништен по успешен напад

Досега, преку размена на затвореници, повеќе од 8.000 луѓе се вратени дома