Непознати лица се обидоа да внесат мобилни телефони во затвор во Грција со помош на дрон, јавија грчки медиуми.
Според информациите, чувар забележал дрон како лета над затворскиот простор.
Веднаш била вклучена тревога и по проверката било утврдено дека дронот носел пакет што содржел два мобилни телефони, јави државната телевизија „ЕРТ“.
Тоа не е прв случај со утврден обид за криумчарење мобилни уреди во истиот затвор на ваков начин.
Во 2023 година, двајца вработени во затворот биле осудени за обезбедување мобилни телефони на осуденици за одредена цена, објави тогаш „Катимерини“.
Минатата недела, за време на проверка на камион што доставувал пекарски производи, чуварите пронашле пакет со четири телефони и полначи.
