Најмалку 46 лица се повредени денес во судир на два патнички воза во близина на главната железничка станица во Прага, а четворица од нив се хоспитализирани во тешка состојба.
Според „Радио Прага“, 12 лица се здобиле со тешки повреди, додека околу 30 други претрпеле полесни повреди.
Сите патници од двата воза се евакуирани.
Чешкиот министер за транспорт, Иван Беднарик, го опиша судирот како многу сериозен инцидент, нагласувајќи дека грижата за повредените е првенствен приоритет.
Железничкиот сообраќај на оваа линија е во прекин; се очекува прекинот да трае неколку часа и ќе влијае врз десетици поаѓања.
„Чешки железници“ (České dráhy) соопштија дека ќе им исплатат отштета на патниците од двата воза за претрпените телесни повреди и материјалната штета што настанала како последица на несреќата.
