ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Од:

ВМРО-ДПМНЕ остро го осудува насилството врз младата девојка Сара од Охрид и бара целосно расчистување на случајот, нагласувајќи дека никој не е над законот и дека сите институции мора да постапуваат согласно законите.

Од партијата велат дека застануваат зад Сара и нејзиното семејство, изразуваат сочувство и повикуваат на итна и решителна реакција во заштита на жртвите на насилство и владеењето на правото.

„За насилството нема и нема да има место во Македонија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги надлежните институции да ги преземат сите мерки за целосно расчистување на случајот и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Од партијата упатуваат критики и до Обвинителството, наведувајќи дека откако МВР го обезбедило осомничениот, надлежниот јавен обвинител го пуштил на слобода со благи мерки на претпазливост.

Ваквото постапување го оценуваат како скандалозно и бараат одговорност, додавајќи дека доколку постојат индиции за обид за заташкување на случајот или незаконско влијание врз постапката, сите инволвирани мора да бидат повикани на одговорност.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека институциите не смеат да имаат милост кон насилниците и дека ниту еден случај на насилство врз жените не смее да помине неказнето.

Би можело да ве интересира

Левица бара одговорност од полицијата, Обвинителството и судот за постапувањето во случајот со претепаната Сара од Охрид

Кривична пријава за тешки телесни повреди и мерки за претпазливост за насилникот од Охрид

Сара во изјава кажала дека таткото и осомничениот планирале да го сокријат нејзиното тело, семејството тврди дека записникот исчезнал

Насилникот во Охрид пуштен, таткото на Сара од вчера  во полициска станица-правда мора да има

Предраг Петровиќ

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите

Катерина Ѓуровски

„Татко му давал насоки како да се ослободи од телото“ – тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Катерина Ѓуровски