„Татко му давал насоки како да се ослободи од телото“ – тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Од:

Мајката на Сара, која сè уште се наоѓа во болница, преку јавна објава на Фејсбук изнесе сериозни обвинувања за постапките на осомничениот Кристијан, како и за наводното влијание на неговото семејство врз случајот.

Таа наведува дека нејзината ќерка, наместо да се посвети на закрепнувањето, живее во страв за сопствената безбедност, особено по информацијата дека осомничениот синоќа бил пуштен на слобода.

Во објавата, мајката тврди дека Кристијан се фалел оти неговите родители се доволно моќни за да „средат“ сè, посочувајќи ги неговите родители Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, и Гоце Корабоски, инспектор во УЈП.

Таа изнесува и тешки обвинувања за случувањата во моментот кога Сара била во бессознание. Според нејзиното сведочење, Кристијан, мислејќи дека девојката е мртва, стапил во контакт со својот татко и побарал помош како да се ослободи од нејзиното тело.

„Неговиот татко му давал насоки како да се ослободи од телото на мојата ќерка“, наведува мајката.

Таа тврди дека телефонот на Сара претходно бил намерно искршен, со што ѝ била одземена можноста да повика помош.

Како особено вознемирувачки момент го посочува разговорот што, според неа, Сара го слушнала додека била во беспомошна состојба.

„Собери ги сите познаници, да го прикриеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“, го пренесува мајката наводниот разговор.

Во објавата се споменува и тетката на осомничениот, за која мајката тврди дека контактирала со болницата во која е сместена Сара, со цел да влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже дека девојката имала полесни повреди.

Мајката изнесува и обвинувања дека лицата од опкружувањето на Кристијан одбивале да ја однесат Сара во болница, иако таа барала помош. Дополнително, тврди дека во еден момент Кристијан побарал нож и сакал да ја „докрајчи“.

Според нејзината објава, Сара дошла при свест пред тој да успее да ја однесе и да ја фрли во провалија, по што ја оставил на улица.

На крајот, мајката прашува до кога ќе се дозволува некој да избегнува одговорност и да се чувствува недопирлив поради семејни и политички врски.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

Малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров упатени во воспитно поправен дом

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он