ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

Од:

„Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит. Случајот Алта Банка е доказ за начинот на владеење на СДС И ДУИ предводени од Ахмети и кланот Заеви. Случајот Алта Банка е доказ и Дека државата и граѓаните на СДС и ДУИ не им биле важни а единствен интерес им биле бизнис шемите, нетранспарентните зделки, енормното богатење на поединци преку ноќ како и провизиите и полнењето на сопствените џебови врз грбот на народот. Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Фирмата на сватот на Ахмети добива 5 милиони евра кредит од Алта Банка Србија“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „сега на секој граѓанин му е јасно зошто поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби толку агресивно го туркаа влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски сектор. Контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој сега е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола подоцна преименувана во Алта банка Македонија купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Али Ахмети“.

„Во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак“ на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, нагло влегува во банкарскиот бизнис и купува значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма ги зема петте милиони евра кредит од „Алта банка“ во Белград. И само три месеци подоцна, на 17 септември 2025 година, во финалниот чин, компанијата „АС Сењак“ на сватот на Ахмети официјално му ги продава своите акции во битолската банка токму на Давор Мацура и неговата „Алта банка“, со што му овозможува директно преземање на банката во Македонија. Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат „Дали кредитот од 5 милиони евра и купувањето на акциите биле меѓусебно поврзани? Дали преку кредитирањето на фирма од бизнис-кругот на Ахмети, Мацура индиректно го финансирал сопственото влегување на македонскиот пазар? Колку чинеле акциите и колкава финансиска добивка остварил продавачот. Филипче и СДС да престанат да сеат магла во јавноста и да кажат дали на 24 октомври 2023 година, кога Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница, знаеле за деловните релации со компанијата на сватот на Ахмети? Дали тогаш СДС и ДУИ имале сознанија за потеклото на капиталот на банката и евентуални сомнежи? Зошто молчеле за деловната соработка меѓу круговите на ДУИ, Давор Мацура и Алта банка?“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата