Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Од:

Индустриското производство е позитивно и тоа е многу значајно, имајќи ги предвид состојбите во светот, но и во Европската Унија, која е наш најголем трговски партнер. Она што ме охрабрува е прометот во индустријата што е над 5,5 отсто поголем во споредба со третиот квартал минатата година. Тоа значи дека расте прометот во индустријата, и дома и на меѓународниот пазар, а тоа беше претходно потврдено и со растот на извозот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што оцени Мицкоски, ова се лоши вести за опозицијата која сака земјава да оди во минус, а не во плус.

– Сите индикатори укажуваат на тоа што ние уште на самиот почеток го велевме, дека треба трпение, дека мора полека да ги консолидираме работите и еве конечно, по речиси две и пол години, дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус. Дојдовме до точка нула, онаму од каде што би требало да почне некој што е на власт, и од сега очекувам само раст, но тоа не зависи секогаш само од нас, туку и од состојбие во светот. Се надевам дека за многу скоро од денеска ќе можеме да зборуваме за поинтензивен развој, изјави Мицкоски по увидот во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Би можело да ве интересира

Измените на Кривичниот законик треба да ги надминат последиците од решенијата на СДСМ и ДУИ, нема да важат ретроактивно

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ќе се обидеме да нема алармантно поскапување на парното, ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани,

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата