Во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди e донесен Г.С.(46) од гостиварско Неготино, кој поради сериозноста на повредите беше пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според пријавеното, тој се повредил при пад од кров на штала во атарот на с.Неготино, кој го поправал.
– Утрово во 8.30 часот во СВР Тетово е пријавено дека Г.С. им подлегна на повредите во Комплексот клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
