Хаос во авиосообраќајот во САД: Летовите продолжија, но доцнењата и откажувањата остануваат

Од:

Американската Федерална управа за авијација (FAA) денеска соопшти дека авиокомпаниите можат да продолжат со летовите, по неколкучасовниот прекин на целиот авиосообраќај во земјата, предизвикан од дефект во системот за контрола на летање. Сепак, се очекува доцнењата и откажувањата на летовите да продолжат.

Министерот за транспорт на САД, Шон Дафи, изјави дека забраната за полетување, која погоди милиони Американци, е укината во 20:15 часот по локално време.

Сепак, Дафи им рече на новинарите дека прекинот оставил последици и дека проблемите што произлегле од него ќе траат уште неколку дена.

Од FAA наведоа дека „темелно ги тестирале“ своите системи за да се осигурат дека се стабилни и дека функционираат доверливо, пред да дадат дозвола за продолжување на летовите.

И покрај тоа, според Си-Ен-Ен (CNN), откажани се околу 2.000 летови што биле планирани за денес.

Вчера, во рамките на САД, беа откажани повеќе од 7.700 летови, додека над 8.000 летови доцнеа.

Претставници на Управата како причина за прекинот ја наведоа застарената технологија и предупредија дека слични инциденти ќе продолжат да се случуваат сè додека системот не се модернизира. Домашните летови во САД повторно добија дозвола за полетување, откако вчера, поради безбедносни причини и предизвикани од телекомуникациски дефект, федералните власти наредија приземјување на авионите во траење од неколку часа.

На прес-конференција рано утринава, министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека се можни нови прекини доколку системот итно не се надгради.

Тој го повика Конгресот да ги одобри потребните средства за модернизација, додавајќи дека враќањето кон нормално функционирање ќе биде бавен процес.

Дафи истакна дека ќе биде потребно време за да се смири хаосот во патувањата, бидејќи многу патници сè уште се заглавени на аеродромите.

Министерот за внатрешна безбедност, Марквејн Малин, претходно појасни дека застојот бил предизвикан од ажурирање на застарените системи на FAA – конкретно поради „телекомуникациски дефект“ – и нагласи дека нема докази за сајбер-напад.

Тој потенцираше дека суспензијата на летовите не била резултат на безбедносна закана за Соединетите Држави.

Некои патници мораа со часови да чекаат во авионите на пистата, бидејќи на аеродромите немало слободни излези (гејтови) за да можат патниците да се симнат. Ова претставува дури втор случај во кој е спроведено вакво приземјување на летовите на национално ниво во САД; првиот случај се случи по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Би можело да ве интересира

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

САД: „Подготвени сме за напад“