ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски вети бесплатен, а не субвенциониран оброк за учениците од септември

Од:

Ова е флагрантна лага и ниска манипулација, која е на раб на хумор, но од СДС Центар тоа воопшто не е за изненадување, реагираат од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ уште вчера соопшти дека ќе го поддржи предлогот но, во исто време алармираше дека ветувањето за бесплатен оброк за сите ученици не е исполнето и е заменето со субвенција од 1000 денари. Ова ветување беше едно од носечките ветувања на Бетон Герасимовски со кое ги лажеше Центарци.

Со лаги поддршка не се добива. Крајот во Центар ви е извесен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сакам одговорно и директно да Ве информирам дека од следната учебна година, воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од 1 до 4 одделение. Здрав, правилен и обилен оброк за сите 2500 ученици од прво до четврто одделение, кој ќе го обезбедува Општината, рече Герасимовски во училиштетот „Киро Глигоров“ на стартот на ланската учебна година.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година