Осум години физичко и психичко насилство, страв и понижување. Ирена Китановска од Велес јавно проговори за пеколот низ кој поминувала во сопствениот дом, откривајќи дека била тепана пред своите деца, удирана со боксови во главата, раката и била ставана на врата и мавана, а во еден од нападите ѝ бил скршен и носот.
Нејзиното сведоштво отвора сериозни прашања за семејното насилство, за молкот на жртвите и за последиците што ваквите трауми ги оставаат врз децата кои се сведоци на насилството. Колку долго една жена може да живее во страв? Што ја спречува жртвата да побара помош, говори Ирена Китановска во најновото издание на ONE WAY AGNESA SHOW.
Таа во емисијата откри дека нејзиниот поранешен сопруг ѝ се заканувал дека доколку го напушти, ќе ја снајде истата судбина како Росица, девојката од Велес која беше убиена од својот поранешен партнер.
Сведочи дека посебно последните две години живеела под постојан психолошки притисок, манипулации и страв, да не ја снајде истата судбина како Росица и да не биде убиена, како што раскажа оставило тешки физички и психички последици.
Меѓу случаите што ги посочи е кршењето на носот со тупаници пред очите на други луѓе. Во друг инцидент, според нејзиното сведоштво, поранешниот сопруг ѝ ја притискал раката на врата, удирајќи ја со повторено отворање и затворање. Таа раскажа и дека била однесена на непозната локација, каде повторно била удрена со главата во пределот на носот, по што ја изгубила свеста.
Ако завршам во затвор децата ќе завршат во дом, а ти во гроб, и се заканувал сопругот, кој сепак по пријава за семејно насилство заврши во затвор. Овој месец навршува една година во затвор, по двете пресуди, едната за закани по живот кон нејзината мајка, за кои добил 4 месеци затвор.
За закани по живот кон Ирена и за демнеење бил осуден на една година и три месеци затвор. Тој треба да излезе на слобода за околу седум месеци доколку не се активираат условните казни кои му се изречени.
