Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Од:

Скандалот во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб добива нова димензија. Претседателот на Управниот совет, Мирандо Мршиќ, соопшти дека тој и останатите членови на ова тело поднеле неотповикливи оставки по случајот со смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш.

Оставките доаѓаат откако претходно функциите ги напуштија директорката на болницата, Мајда Грах, нејзиниот заменик и помошникот за медицинска нега.

Случајот предизвика сериозни реакции во хрватската јавност, особено по информациите за околностите под кои починал пациентот на 21 октомври.

Четворица медицински техничари се во истражен притвор под сомнение за тешко убиство. Според досегашните информации од истрагата, снимките од видеонадзорот покажале дека тие физички го нападнале Периш, го притискале со колената во пределот на вратот и му го покривале лицето со перница, продолжувајќи со употребата на сила и откако престанал да дава отпор.

Во меѓувреме, четворицата осомничени биле преместени од затворот Реметинец во други затворски установи – во Липовица-Поповача и Карловац. Одлуката била донесена од безбедносни и превентивни причини, по проценка на надлежните затворски служби.

Случајот отвори и пошироки прашања за контролата и надзорот во психијатриските установи во Хрватска, како и за одговорноста на раководните структури.

Истрагата продолжува, а конечната правна квалификација на делото ќе зависи и од резултатите на медицинските и другите вештачења.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Хрватски „Рафал“ пресретна авион на „Финер“ означен како потенцијална закана