Над 136 илјади туристи ја посетиле земјава во септември, најбројни од Турција, Србија, Германија и Полска

Од:

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година и оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 24,9 проценти биле домашни, а 75,1 процент странски туристи. Кај остварените ноќевања, 33,8 проценти биле од домашните, а 66,2 проценти од странските туристи.

Најголем број странски туристи во септември дошле од Турција, вкупно 27.933. Следуваат туристите од Србија со 8.358, Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.

Во периодот јануари – септември 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти во споредба со истиот период минатата година. Притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти.

Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 3,5 проценти. Кај домашните туристи растот изнесува 2,4 проценти, а кај странските 4,6 проценти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Туристи во костими за капење се качуваат на црквата „Св.Никола“ во Мавровското езеро, предизвикаат жестоки реакции

Катерина Ѓуровски

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

(ВИДЕО) Туристи се заробени во Мексико: „Ова е без преседан, можеме само да се молиме“

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

По 22 часа и преспивање во расипан автобус, македонските туристи уште се враќаат од Истанбул

Предраг Петровиќ