Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Од:

Според Цивилната одбрана на Газа, најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени рано утринава во израелски напад врз болница во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Како што пренесува Ал Џезира, во соопштението се наведува дека меѓу повредените во нападот врз болницата „Насер“ има и болнички персонал.

Се нагласува дека израелските сили не упатиле никакво предупредување ниту известување за евакуација пред нападот врз болницата.

Болницата „Насер“ во Кан Јунис е една од најголемите болници во Појасот Газа и единствената што сè уште функционира во тој град, опслужувајќи најмалку 500.000 луѓе во јужниот дел на енклавата.

Ова е седми пат во последните неколку години болницата „Насер“ да биде цел на напад.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија