(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Од:

Шест лица се тешко повредени во тешката сообраќајна несреќа со автобусот со српски регистарски таблички на автопатот А3 во Хрватска, додека 27 лица на местото на несреќата биле класифицирани како полесно повредени. Во несреќата загинаа двајца патници, потврди хрватската министерка за здравство Ирена Хрстиќ.

Меѓу повредените се и двајцата возачи на автобусот, но засега не е познато колку се сериозни нивните повреди.

Веднаш по пријавата, на местото на несреќата биле испратени девет екипи на итната медицинска помош – шест од Загрепската жупанија, две од Сисачко-мославинската жупанија и хеликоптер на итната медицинска служба.

Според првичната тријажа, пет лица имале тешки повреди, а уште едно лице било пренесено со хеликоптер. Двајца тешко повредени биле пренесени во Клиничкиот болнички центар „Сестре милосрднице“, едно лице во Клиниката за трауматологија на улицата Драшковиќева, а две во Клиничкиот болнички центар Загреб.

„Важно е да се нагласи дека сите тешко повредени лица во рок од еден час беа сместени во болници за понатамошни прегледи и лекување“, истакна Хрстиќ.

Останатите 27 лица, кои на местото на несреќата биле класифицирани како полесно повредени, биле пренесени со возила на итната помош или со полициска придружба во пет загрепски болници: КБЦ Загреб, КБЦ „Сестре милосрднице“, Клиничката болница „Дубрава“, Клиничката болница „Меркур“ и Клиниката за трауматологија.

Министерката нагласи дека сите учесници во несреќата биле упатени на болнички прегледи.

Тешката несреќа се случи утрово околу 7:25 часот на 61. километар од автопатот А3 во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иванич-Град. Автобусот со српски регистарски таблички излетал од коловозот и се превртел настрана.

Според досегашните информации, во автобусот имало 35 лица, од кои 33 патници и двајца возачи. На местото на несреќата биле испратени и пожарникари, кои учествувале во спасувањето на повредените и спречувањето на евентуален пожар.

Вицепремиерот Томо Медвед го посетил местото на несреќата и разговарал со помладите патници од автобусот.

„Се сретнавме со помладите лица кои биле патници во автобусот. Јасно е дека се под стрес. Ги охрабривме и за нив е соодветно згрижено“, изјави Медвед.

Тој додаде дека полицијата ги утврдува идентитетите и државјанствата на патниците и дека, доколку има потреба, ќе биде координирана соработката со надлежните амбасади.

Причината за несреќата засега не е позната. Полицијата врши увид за да се утврдат сите околности под кои автобусот излетал од патот и се превртел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија