Прво издание на ноќната урбана трка „Центар најт ран“

Од:

Првото издание на „Центар најт ран“ (Centar night run) ќе се одржи вечер во Скопје. Како што наведуваат организаторите, ова претставува нов урбан спортски настан кој за првпат ги поврзува најпрепознатливите улици и простори на Општина Центар во едно уникатно тркачко доживување.

Со две дистанци – 5 километри и полумаратон од 21 километар, трката ќе ги собере тркачите и љубителите на спортот во Дебар Маало и низ улиците на Центар.

Пријавени се учесници од Скопје, Тетово, Пробиштип, Куманово, Кочани, Прилеп, Штип, Охрид, Кавадарци, Валандово, Гевгелија, Ресен, Македонски Брод, Струга, Берово, Крушево, Велес и Демир Хисар. Трката привлекува и меѓународни учесници, со пријавени тркачи од Босна и Херцеговина, Косово, Чешка, Германија, Словачка, Русија, Турција и Италија.

Со две дистанци, трката е наменета и за рекреативците кои сакаат да бидат дел од новото градско искуство и за поискусните тркачи подготвени за поголем предизвик.

Полумаратонот на 21 километар започнува во 17 часот, а трката на 5 километри во 18 часот. Загревањето за учесниците на 21К е закажано за 16:45 часот, а за учесниците на 5К за 17:45 часот. Прогласувањето на победниците ќе се одржи во 19:45 часот. Патеката ги поврзува Дебар Маало, улиците „Орце Николов“ и „Франклин Рузвелт“, булеварот „Илинден“, западната страна на булеварот „Св. Климент Охридски“, како и улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Михаил Цоков“. Учесниците на трката на 5 километри ќе трчаат еден круг, а полумаратонците четири круга.

Подигнувањето на стартните пакети за сите пријавени учесници ќе се одвива утре од 10:00 до 16:00 часот, на скверот пред Општина Центар во Дебар Маало, кај спомен-клупата на Горан Стефановски. Организаторите ги повикуваат учесниците навреме да ги подигнат пакетите и да пристигнат пред почетокот на својата трка.

За најдобрите учесници е обезбеден вкупен награден фонд од 144.000 денари, со еднакви парични награди во машка и женска конкуренција на двете дистанци. На полумаратонот, наградите изнесуваат 20.000 денари за прво место, 15.000 денари за второ и 10.000 денари за трето место, додека на трката на 5 километри се предвидени 12.000 денари за прво место, 9.000 денари за второ и 6.000 денари за трето место. Наведените износи се доделуваат одделно во машка и во женска конкуренција.

Организаторите информираат дека во периодот на одржување на трките, сообраќајот во реонот на патеката ќе се одвива со ограничувања. Апелираат до граѓаните за разбирање и ги повикуваат возачите да користат алтернативни сообраќајни правци и да ги следат насоките на надлежните служби. Исто така, се повикуваат сите граѓани навреме да ги преместат своите возила од паркингот пред Општина Центар и од големиот паркинг пред вулканизерот, за да се овозможи непречена подготовка и реализација на настанот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дончиќ „полуде“: Како Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен

Најава за враќањето на Роналдињо на терените: „Магијата никогаш не исчезна, се враќа на 15 ноември“

Предраг Петровиќ

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев