Карла Соди (33) од Велика Британија за само една година двапати се породила, и и двата пати близнаци.
Првиот пат било со вештачко оплодување, и нејзе и на нејзиниот сопруг им се родиле двете девојчиња Роуз и Соња, а само два месеца по породувањето дознала дека повторно е бремена.
Вториот пар близнаци се момчиња.
„Не можеме да поверуваме, само пред две години ни кажаа дека нема да имаме деца, а сега имаме четири. Нашата среќа е неопислива. Знаевме дека ќе биде тешко, но најважно од се е дека сега имаме семејство за кое ќе се бориме“, изјави пресреќната Карла.
Среќниот татко Јаг Соди, рече дека бил во шок кога дознал дека повторно ќе има близнаци.
„Докторот на ултразвукот ми рече близнаци. Му реков да, имаме една двојка, сега се пет месеци. Не господине, ми рече тој, жена ти носи близнаци повторно“, вели Јаг, кој работи како таксист.
Брачната двојка живее во стан со две спални, но наскоро планираат да се преселат во поголема куќа.
Според лекарите, можноста да се случи вакво нешто е една од 50.000.