Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета на Флорида, САД, каде што учествуваше на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP) во Орландо, еден од најголемите светски собири на полициски професионалци, посветен на иднината на полициското работење и справувањето со современите безбедносни предизвици.

Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби, меѓу кои и со Николас Колура, директор на Дипломатската служба за безбедност при Стејт департментот на САД, како и со Рик Смит, основач и главен извршен директор на компанијата Axon, која развива современи технолошки решенија во областа на јавната безбедност.

На средбата со Смит беа разгледани можностите Македонија да стане регионален демонстрациски центар за технологиите на Axon, каде што преку практична примена на современи решенија, вклучително и вештачката интелигенција, би се презентирале нови модели на полициско работење пред институциите од регионот. Ваквата иницијатива би придонела за зајакнување на регионалната соработка и размената на знаења, искуства и технолошки иновации.

На покана на шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, министерот Тошковски учествуваше и на Global Innovation Summit, каде што акцентот беше ставен на практичната примена на вештачката интелигенција, беспилотните летала и антидронските системи во заштитата на јавните простори, критичната инфраструктура и безбедноста на населението.

Во рамки на работната посета, министерот го посети и Полицискиот оддел во Мајами, каде што непосредно се запозна со современите оперативни модели на американската полиција, вклучително и користењето системи за видеонадзор, напредна аналитика и обработка на информации во реално време. Овие решенија овозможуваат навремено препознавање на безбедносните закани, подобра координација на полициските единици и побрза реакција при инциденти.

Министерот Тошковски истакна дека размената на искуства со развиените полициски системи е значајна за понатамошната модернизација на македонската полиција и воведувањето конкретни технолошки решенија во секојдневното работење.

„Нашата цел е искуствата и современите технологии да ги преточиме во практични решенија што ќе овозможат побрза помош за граѓаните во критични ситуации, поефикасно спречување на криминалот и поголема заштита на животот и имотот“, нагласи Тошковски.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба