Средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања поврзани со мировното решение, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.
Тој го изјави ова на прес-конференција во Хелсинки, заедно со неговите колеги Елина Валтонен од Финска и Еспен Барт Ајде од Норвешка, пренесе „Укринформ“.
На прашањето што очекува од претстојната трилатерална средба на преговарачките тимови, Сибиха истакна дека „сите преговори служат за создавање нов замав“, додавајќи дека тимовите ќе се фокусираат на безбедносните прашања.
