Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска ѝ честитаа на „Студентската листа“ за победата на парламентарните избори.
– Подготвени сме да ги поддржиме реформите што се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и силните демократски институции, како и да работиме заедно на унапредување на иднината на Србија во рамките на Европската Унија, напишаа Фон дер Лајен и Коста во објави на платформата X.
Според проекциите на IPSOS и Центарот за слободни избори и демократија (CeSID) – засновани на примерок од 75 отсто – „Студентската листа“ освои 52,4 отсто од гласовите на парламентарните избори, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ доби 39,2 отсто.
