Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Базел ќе игра против Французинот Иго Ембер, 35. тенисер на светската ранг-листа, беше одлучено со денешната ждрепка.
Ѓоковиќ, кој е на 12 – тото место на светската ранг-листа, досега само еднаш се сретнал со Ембер, во осминафиналето на Вимблдон во 2019 година, кога го совлада францускиот тенисер во три сета.
За прославениот српски тенисер ова ќе биде прво учество на турнирот во Базел по 2011 година. Натпреварите на овој турнир од серијата АТП 500 ќе почнат во понеделник, 26 октомври.
