Од космодромот во Бајконур синоќа неуспешно беше лансирана ракетата-носач „Протон-М“, со која во орбитата требало да бидат лансирани два телекомуникациски сателити.
При лансирањето на сателитите „Експрес МБ2“ и Телеком-3“ станала хаварија и изгубен е контактот со сателититре.
Претставник на Руската вселенска агенција истакна дека се прави анализа на ситуацијата.
“Протон-М“ беше лансирана во 23 часот и 31 минута по московско време.