Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 16:33 часот, во регионот Ксизанг-Кингхаи во источна Кина, во близина на границата со Тибет.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на географските координати 32,4415° северна географска ширина и 93,8549° источна географска должина.
Податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот (фокусот) на земјотресот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на Земјата.
Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени лица, а надлежните органи ја следат состојбата.
