АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Од:

Германската десничарска партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) повика на темелно преуредување на Европската унија и нејзините институции, тврдејќи дека Унијата, во својата сегашна форма, бара длабоки реформи и веќе не функционира како заедница на суверени држави, објави весникот *Die Zeit*.

Лидерката на партијата, Алис Вајдел, во Стразбур изјави дека овластувањата на Европската комисија треба да се пренесат на националните влади, при што Комисијата би имала првенствено административна улога. Таа особено критикуваше што Европската комисија не се избира директно, иако има овластување да предлага прописи што важат за целата Европска унија.

Од AfD исто така сметаат дека земјите-членки треба да имаат можност да се повлечат од заедничките европски договори. Вајдел предложи дека, доколку Шенгенската зона престане ефективно да функционира, Германија би требало да може да се повлече од тој систем и да ги обезбеди сопствените граници. Според неа, националното законодавство повторно треба да има предност пред европското право во области како што се даночната политика и политиката за миграција.

Сличен став минатата недела изнесе и француската десничарска политичарка Марин ле Пен, која побара Европската комисија повторно да има улога на „секретаријат“ за земјите-членки. Таа ја обвини Комисијата дека редовно го пречекорува својот мандат. Во својот програмски документ, AfD исто така повикува на укинување на Европскиот парламент, чии членови се директно избирани од граѓаните. Наместо тоа, земјите-членки би испраќале претставници од своите национални парламенти.

„Европскиот совет би станал централно тело за донесување одлуки, во кое шефовите на држави и влади директно би дебатирале и би одлучувале“, се наведува во документот на партијата.

Сепак, во рамките на AfD, конечниот став во однос на еврото сè уште е предмет на дебата. Во овој нов документ, партијата се откажа од претходните барања за излез од еврозоната – иако Вајдел се залагаше за таков чекор уште во август. Наместо тоа, документот сега повикува на „темелно преструктуирање“ на системот на еврото.

Рене Ауст, пратеник на AfD во Европскиот парламент, ја опиша заедничката европска валута како „концептуално погрешна“.

Партијата предлага Европската централна банка строго да се ограничи на својот основен мандат: одржување на ценовната стабилност. Исто така, се бара на Германија да ѝ се додели поголема гласачка тежина отколку на помалите земји-членки.

„Германија има иста гласачка моќ како и Малта, а тоа мора да се поправи“, рече Ауст.

И покрај предлозите што би ги намалиле овластувањата на клучните институции на ЕУ, Вајдел изјави дека АфД е „проевропска партија“ и дека има намера да дејствува „кооперативно и конструктивно“. Во својот програмски документ, партијата наведува дека, почнувајќи од 2029 година, се надева оти ќе може да ги спроведе предложените реформи со поддршка на „патриотско и десничарско мнозинство во Европскиот парламент“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Предраг Петровиќ