ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск денеска, за време на расправата во Сејмот, долниот дом на полскиот парламент, директно го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за глобалниот скок на цените на горивата, кој силно ги погодува и европските граѓани.

Обраќајќи им се на пратениците од крајнодесничарската опозиција, кои со години отворено го поддржуваат Трамп и го сметаат за политички пример, Туск порача дека е време работите да се наречат со вистинското име и да се каже кој е одговорен за енергетскиот хаос.

„Имаме цени на горивата што се меѓу најниските во Европската Унија, а во моментов се и најниски, и покрај очигледниот факт дека за луѓето тие и натаму се пеколно високи. Свесен сум за тоа. Мислам дека конечно е време да го кажеме тоа гласно, особено пред вас. Да, Доналд е одговорен за тоа, во тоа нема никакво сомневање. Но вашиот херој, а не полскиот премиер. Добро знаете кој навистина е одговорен за цените на горивата“, рече Туск во парламентот, алудирајќи на фактот дека со американскиот претседател го дели истото име.

Отворената прозивка на Туск доаѓа во време на нов енергетски удар врз светската економија, предизвикан од војната на Трамп со Иран. Американските воени операции во Ормускиот Теснец, стратешки најважниот поморски премин во светот низ кој минува една петтина од глобалната потрошувачка на нафта, предизвикаа застој во пловидбата на танкерите, драстично зголемување на цените на поморскиот транспорт и сериозни нарушувања во редовното снабдување со сурова нафта.

Поради блокадите во Персискиот Залив, цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи достигнаа највисоки нивоа во последните неколку години, што веќе се одразува и врз цените на европските бензински пумпи.

Иако некои европски земји се обидуваат да го ублажат ударот врз животниот стандард на граѓаните преку интервенции во акцизите или со пуштање дел од стратешките резерви на гориво на пазарот, малопродажните цени на дизелот и бензинот и натаму создаваат голем притисок врз семејните буџети.

Со оваа изјава, полскиот премиер им се приклучи на сè поголемиот број европски функционери кои отворено ги отфрлаат тврдењата на Трамп за причините за поскапувањето.

Додека американскиот претседател, во пресрет на изборите за Конгресот, се обидува да ја префрли вината за поскапото гориво врз Украина и нејзините напади врз руските нафтени постројки, оправдувајќи ја и спорната одлука за укинување на санкциите за увоз на руски дизел, европските лидери посочуваат дека глобалниот раст на цените е директна последица на војната на Трамп на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп