Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток, кои по повеќегодишен застој за само неколку месеци со забрзана работна динамика се наоѓаат во завршна фаза и треба да завршат до крајот на годината.

– Клучката кај „Момин Поток“ ја затекнавме во повеќегодишна стагнација без никакви градежни активности и без завршена експропријација. За само неколку месеци ја завршуваме голготата низ која минуваше народот. Целосно е завршен големиот мост, кој што ги поврзува булеварот „Никола Карев“ со булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“. Веќе едната страна од левиот дел према граничниот премин е целосно асфалтирана. Целата подземна инсталација е готова, односно атмосферската канализација, како и сите операторски кабли се спуштени подземно. Дополнително, два од трите моста на реката „Серава“ се целосно готови, а се работи со силно темпо и на третиот мост, со што до Нова година сметаме дека конечно ќе биде ставен во функција мостот, клучката, но и целиот овој потег кој што сериозно ќе сериозно ќе го среди сообраќајниот метеж на овој дел од градот Скопје. Скопјани заслужуваат, скопјани предолго чекаа на овој проект и конечно ќе го добијат она што го заслужуваат – изјави Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%