„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи – Андриј Сибиха, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема место на преговарачка маса со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг, сè додека продолжува да го тероризира цивилното население.

„Трилатерална средба на лидерите на Украина, САД и Русија би можела да помогне во побрзото завршување на војната. Трилатерална средба на лидерите на Русија, Кина и САД би довела само до спротивен ефект – тоа би го охрабрило Путин да ја продолжи оваа војна“, напиша Сибиха на платформата „Икс“.

Според него, поканувањето на Путин на таква средба само би ја задоволило неговата потреба „за самовоздигнување и би му дало статус што тој не го заслужува“.

„Тој не е светски лидер, туку воен злосторник. Русија не е светска сила, туку глобален проблем“, нагласи шефот на украинската дипломатија.

Сибиха наведе дека руската економија е најмалку 13 пати помала од американската и осум пати помала од кинеската, и дека таа продолжува брзо да се намалува, додека животниот стандард на руските граѓани исто така опаѓа.

„Според ниту еден прагматичен или морален критериум, Путин нема место на иста маса со Трамп и Си. Единственото нешто што би можело да му обезбеди место на таа маса е сериозен чекор кон мир, на пример, прифаќање на предлог за прекин на огнот пред одржувањето на таква средба“, рече Сибиха.

Сепак, тој посочи дека се случува токму спротивното – теророт врз цивилното население се интензивира.

„Сè додека тој (Путин) го продолжува овој терор, тој нема место на ниту една преговарачка маса“, нагласи шефот на украинската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Путин: Ќе одговориме на нападите врз рафинериите

А1он

(ВИДЕО) Врз Запорожје фрлени 5 авионски бомби – загинаа 17 лица, а 18 се повредени

А1он

(ВИДЕО) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорожје се искачи на 7, меѓу кои и три деца

А1он

Кличко: Путин најмногу би сакал да го напуштиме Киев

А1он

„Њујорк тајмс“: Затворањето на мостовите во Киев може да создаде „логистички кошмар“ за цела Украина

А1он

Путин: Се надевам дека Вучиќ ќе биде премиер на Србија

А1он