На прес-конференцијата во просторитие на партијата „Вреди“ во Тетово, партискиот портпарол Дритон Сулејмани информираше дека нивниот кандидат Јакуп Хусеини не освоил доволно гласови за да се пласира во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Сулејмани изрази благодарност до Хусеини, за кого рече дека дал максимум во овој процес.
– Контактираше со сите жители на Општина Брвеница, ја претстави својата платформа пред нив. Но, желбата на граѓаните е таква каква што е. „Вреди“ ќе ги поддржува сите населени места во кои живеат Албанци. Ние ќе продолжиме да го одржуваме зборот, досега сме одвоиле над еден милион евра за населени места со претежно албанско население и овој тренд ќе продолжи и во идните години. Никогаш не сме правеле разлика кој ја менџира општината, кој бил градоначалник и од која политичка партија бил. Општината добила поддршка без резерва за сите проекти што биле поднесени до Владата, така ќе продолжиме и понатаму, истакна Сулејмани.
На новинарско прашање кого партијата „Вреди“ ќе поддржи во вториот круг избори, Сулејмани рече дека треба да одлучи претседателството на партијата. Тоа што Јајуп Хусеини му честитал на Аркин Јахији, Сулејмани го оцени како висок демократски потег.
