ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Од:

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без забележани потешкотии, а излезноста изнесува 31,17 проценти, соопшти Државната изборна комисија на прес-конференција за текот на изборниот процес.

Според податоците на ДИК, до 15 часот гласале 5.064 граѓани на сите 24 избирачки места во општината. Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до истиот временски пресек гласале 4.932 избирачи, излезноста е зголемена за 0,62 процентни поени.

Од Комисијата информираа дека до попладневните часови биле поднесени седум приговори, од кои два се усвоени и избирачите го добиле своето избирачко право, еден е одбиен како неоснован, додека четири се во постапка на разгледување.

ДИК најави дека следниот пресек на излезноста ќе биде соопштен во 18:30 часот, врз основа на податоците заклучно со 18 часот.

Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник на предвремените локални избори, распишани по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава.

За градоначалничката функција се кандитирани шест кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески е кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини настапува како кандидат на коалицијата ВРЕДИ, Аркин Јахији е кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), а во трката се и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.

Функцијата вршител на должност градоначалник во изминатиот период ја извршуваше Роберт Милошески.

Во Избирачкиот список се запишани вкупно 16.256 избирачи од десетте населени места во општината, од кои 449 се на привремена работа во странство, а девет лица се евидентирани во затвор или притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата