(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Од:

Денес беа издадени наредби за евакуација за делови од округот Оринџ во Калифорнија, каде што пожарот „Норте“ (Norte Fire) брзо се шири, при што најмалку шест куќи се оштетени или уништени. Според официјални лица, на кои се повикува ABC, во моментов со огнената стихија се борат околу 400 пожарникари, а уште 400 се на пат кон погодените подрачја.Пожарот избувна во петокот попладне (по локално време) во Сан Клементе и оттогаш зафати најмалку 465 хектари.

Во соопштението на Управата за противпожарна заштита на округот Оринџ се наведува дека евакуацијата опфаќа околу 4.600 луѓе, додека речиси 16.000 луѓе се наоѓаат во загрозената зона.

Шефот на Управата за противпожарна заштита на округот Оринџ, Ти Џеј Мекговерн, изјави дека временските услови и локалниот терен придонеле за брзото ширење на пожарот.

Меѓу жителите нема повредени, но двајца пожарникари се здобиле со повреди.

Противпожарните екипи се борат со пожарот и од земја и од воздух, а јавноста е повикана да го избегнува погоденото подрачје.

Како мерка на претпазливост, затворени се неколку училишта во рамките на Обединетиот училишен округ Капистрано.

Пожарот избувна во услови кои се исклучително погодни за појава на шумски пожари, вклучувајќи силни ветрови „Санта Ана“ и високи температури. Предупредувањата за висок ризик од пожари остануваат на сила до вечерва за окрузите Лос Анџелес и Вентура, како и за подрачјето во подножјето близу кањонот Антилопа.

Пожарот „Норте“ гори на околу 32 километри северно од пожарот „Хендерсон“ (Henderson Fire) во воената база „Камп Пендлтон“ во округот Сан Диего, при што досега се зафатени 8.000 хектари.

Би можело да ве интересира

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски