Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари – запленета стока вредна 30 милиони евра

Од:

Во индустриската зона Тримлини во близина на Лендава, откриена е најголемата нелегална фабрика за цигари во Словенија.

Фабриката се наоѓа во хала недалеку од граничниот премин Петишовци, а истрагата е започната откако службениците на финансиската управа запреа камион на патот помеѓу Лендава и Петишовци, објави „Словенске новице“.

Според првите проценки, вредноста на запленетата стока е околу 30 милиони евра, што ја рангира таа заплена меѓу најголемите во Европската Унија во последно време.

Покрај нелегалното производство, во халата откриени се и сурови услови во кои биле држени работниците.

Според неофицијални информации, таму живееле и работеле најмалку 20 странски државјани, наводно од Парагвај, кои биле принудени да работат од криминална организација, наведува словенечкиот медиум.

Тие им кажале на истражителите дека биле заклучени во фабриката и дека „не ја виделе дневната светлина најмалку 25 дена“.

Спиеле во халата, а храна им била доставувана само навечер.

Полицијата потврди дека покрај нелегалното производство на цигари, истражува и сомневање за трговија со луѓе. Се верува дека криминалната група што ја водела фабриката е поврзана со меѓународни мрежи.

Би можело да ве интересира

Јанша: „Нашето општество сè уште е подложно на пропаганда“

Загина 44 годишник по пад во бездна во Словенија – се обиде да го спаси синот

А1он

(ВИДЕО) По четири години уапсен во Љубљана: Американец обвинет за убиство на 15-годишна девојка во Тенеси

ВИДЕО: Семејство од Центар Жупа кое живеело во Италија настрада во несреќата во Словенија

Катерина Ѓуровски

Двајца малолетници меѓу Македонците загинати во Словенија

Катерина Ѓуровски

Загинаа тројца македонски државјани во сообраќајка во Словенија

А1он