Папата Лав XIV по операцијата: Ве молам да се молите за мене!

Од:

Папата Лав XIV денеска ја упати својата прва порака по операцијата на белите дробови и им се заблагодари на католичките верници за нивните молитви.

„Како што знаете, бев спречен да бидам меѓу вас во овие денови. Искрено ви благодарам за вашите молитви и за заедничката работа. Вашето споделување искуства и внимателното слушање се навистина дар за целата Црква. Ве молам да се молите за мене, како што јас се молам за вас“, им рече Папата на верниците, според соопштението на Си-Ен-Ен од Ватикан.

На папата Лав XIV му беше дијагностициран аденокарцином на белите дробови – чест облик на рак на белите дробови – по вчерашната операција во римската болница „Џемели“.

Би можело да ве интересира

Ватикан: Папата Лав успешно опериран, отстранет му е израсток од белодробното крило

Папата првпат после 18 години во официјална посета на Франција

А1он

Ватикан повика на крај на војната во Украина по разговорите со Лавров

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради добредојдето на земјата кон имигрантите

А1он

Папата Лав XIV: Човечкото достоинство нема пасош

А1он

Папата Лав XIV доби дрес на Реал Мадрид со неговото име и број еден

А1он