Седум лица се уапсени за две брутални убиства во Србија

Од:

По налог на Јавното обвинителство за организиран криминал, припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) уапсија седум члена на организирана криминална група, осомничени за организирање и извршување на две убиства.

Станува збор за убиството на Милан Стоковиќ во областа на Пожаревац – кој бил киднапиран на денешен ден минатата година – и убиството на Живко Бакиќ во Белград, извршено во јануари 2026 година.

Уапсените лица се Р.Ѓ., М.И., А.С., А.С., П.М. и С.Д. од Белград, како и Н.Ж. од Пожаревац, соопшти Обвинителството.

Во кривичната пријава се наведени и имињата на А.Н. (моментално во притвор во Белград), М.С. (на издржување затворска казна во Македонија), А.Б. (во притвор во Грција), Д.Т. (во притвор во Белгија) и С.П. (кој е во бегство).

Осомничените се товарат за кривични дела кои вклучуваат здружување заради вршење тешко убиство и киднапирање, како и недозволено производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозиви, и неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

По првичниот полициски притвор, сите осомничени ќе бидат изведени пред Јавното обвинителство за организиран криминал заедно со кривичната пријава, по што ќе бидат сослушани.

Би можело да ве интересира

Најмалку деветмина загинати во масовно пукање во Пенсилванија

А1он

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Полицијата уапси двајца мажи за предизвикување пожари на отворено

Уапсени се 20 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозвола

Акција на полицијата во Аеродром: Уапсени се петмина турски државјани

Горан Наумовски

Уапсени се шестмина битолчани кои „ловеле“ педофили