Одбраната на Груби се оградува од пречекот, собирот бил спонтан, тие не биле инволвирани

Од:

Со извинување до граѓаните и оградување од синоќешниот собир во Чаир, одбраната на Артан Груби реагираше на пречекот на поранешниот вицепремиер пред неговиот дом, откако судот му ја укина мерката куќен притвор. Груби беше пречекан со факели и чадни бомби, а адвокатите тврдат дека собирот бил спонтан и дека тој не учествувал во неговата организација.

Груби е второобвинет во предметот „Државна лотарија“, во кој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесување штета од 9,7 милиони евра на државната компанија.

Во соопштение до јавноста, адвокатите наведуваат дека собирот бил самоиницијативен и спонтан, организиран од граѓани, соседи и пријатели по укинувањето на мерката домашен притвор.

„Одбраната на Артан Груби ја информира јавноста дека се оградува од самоиницијативното одржување на собир на граѓани, соседи и пријатели, по повод укинувањето на мерката домашен притвор за Артан Груби по осум месеци притвор. Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки и без политички обележја.

Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста“, наведуваат адвокатите.

Тие потенцираат дека Груби не учествувал во организацијата на собирот и дека тој не претставува негов политички став или иницијатива.

„Секое изразување поддршка од страна на граѓани или групи е нивен личен избор и не треба да се поврзува со одбраната. Нашиот фокус останува исклучиво на правните аспекти на предметот, заштитата на правата на Артан Груби и обезбедувањето законита и правична постапка“, соопшти одбраната.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Тие што се занимаваат со криминал се и анти-Албанци и анти-Македонци

Катерина Ѓуровски

Груби: Владата од вторник ќе донесе одлука да му се вратат просториите на Средното медицинско училиште во Тетово

Горан Наумовски

Реакција на ССНМ: Институциите да не го загрозуваат здравјето на новинарските екипи

Предраг Петровиќ

Груби: Сите кои мислат на европската иднина да гласаат за законот за ЈО

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Груби: Во 2011 се вршеше непропорционално попишување

Наум Локоски