Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Од:

Аеродромот во германскиот град Нирнберг го прекина авиосообраќајот поради вонредна ситуација во авион. Сите пристигнувања и заминувања се откажани до понатамошно известување, објавија од аеродромот на својата официјална веб-страница.

Од аеродромот најавија дека наскоро ќе објават повеќе информации. Германската полиција соопшти дека се претпоставува оти вонредната ситуација се случила во еден од авионите, но информацијата сè уште не е официјално потврдена, објави „Билд“.

Полициска акција започнала непосредно пред слетувањето на авион од грчкиот остров Крф, планирано околу 12:15 часот. Според податоците на сервисот Flightradar24, авионот на компанијата „Корендон ерлајнс“, кој сообраќал на летот XR456, безбедно слетал во 12:16 часот.

Портпаролот на аеродромот потврди дека аеродромот останува затворен до понатамошно известување и дека полициската операција е во тек. Тој додал дека авионот од Грција пред слетувањето го придружувале борбени авиони „Еурофајтер“.

„Поради вонредна ситуација во авион, авиосообраќајот во моментов е прекинат“, стои во известувањето на официјалната веб-страница на аеродромот.

Сообраќајот на аеродромот во Нирнберг бил нарушен и во текот на ноќта кон вторникот, кога имало сомневање за присуство на дрон.

Според информациите од полицијата, тројца пилоти независно еден од друг пријавиле дека за време на полетување или слетување забележале непознат летечки објект.

Објектот бил забележан меѓу 2 и 4 часот наутро. Граничната полиција веднаш започнала потрага, во која бил вклучен и полициски хеликоптер, но пребарувањето на теренот не дало резултати.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

AfD за првпат достигна 30 отсто, имаат огромна предност пред останатите

Предраг Петровиќ

Откриено кој стои зад најголемата руска саботажа во Европа досега

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“