Актерката Селма Блер предизвикала сериозен инцидент во авион на лет кон Њујорк, откако физички нападнала членови на екипажот и се обидела да ја отвори вратата на леталото додека било во воздух.
Според информациите на американскиот портал TMZ, две стјуардеси пријавиле повреди по инцидентот. Едната од нив била пренесена во болница.
Блер била уапсена по слетувањето, а потоа однесена во болница за процена на нејзината здравствена состојба. Според информациите објавени во извештајот, таа и понатаму се наоѓа под медицински надзор.

Нејзиниот претставник изјави дека актерката доживеала итна здравствена криза која довела до нејзиното однесување. По слетувањето веднаш ѝ била укажана медицинска помош, а нејзината состојба била стабилизирана.
Засега не е познато што ја предизвикало здравствената криза, ниту дали Блер ќе се соочи со кривични пријави поради инцидентот.
Ова не е првпат актерката да има проблеми за време на лет. Во 2016 година, таа беше изнесена од авион на носилки по бурен инцидент.
Селма Блер е позната по улогите во филмовите „Cruel Intentions“, „Legally Blonde“, „The Sweetest Thing“ и „Hellboy“.
