Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

Од:

Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака, откако постигна гол и запиша две асистенции на последниот натпревар против Бенин (3:0).

Легендарниот фудбалер призна дека веќе му недостига репрезентативниот дрес, но истакна дека е убеден оти ја донел вистинската одлука.

„Вчера беше мојот последен натпревар и веќе ми недостига носењето на небесно-синиот и бел дрес. Знам дека ја носам вистинската одлука. Тоа беше неверојатно патување, полно со радост, но и малку тажно; сепак, знам дека секој чекор што го направив вредеше“, напиша Меси на социјалната мрежа Инстаграм.

Потоа, Меси им се заблагодари на своето семејство, пријателите, соиграчите, тренерите и клубовите, а го спомена и поранешниот аргентински фудбалер и тренер Диего Армандо Марадона, кој почина во 2020 година.

„Не сакам да го заборавам Диего, кој ја одведе нашата земја таму каде што заслужува да биде и кој, како што секогаш велам, нè поддржуваше на секој чекор – и додека беше овде со нас, и од небото“, рече Меси.

Со Аргентина, тој ја освои титулата светски првак во 2022 година, Копа Америка во 2021 и 2024 година, како и Финалисима во 2022 година.

„Сите ве сакам многу, ќе ми недостигате и секогаш ќе ви бидам благодарен што бевте со нас, со мене“, заклучи Меси.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“ ги избра најдобрите фудбалери за секој број на дресот – „тепачка“ за 10ката

А1он

Моментот што ја промени фудбалската историја – на денешен ден Меси дебитираше за Барселона

А1он

(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он