Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Од:

АС Монако Баскет соопшти дека повеќе не е во состојба да ги исполнува финансиските обврски и поради тоа ќе го прекине своето работење.

Клубот потврди дека се наоѓа во состојба на неспособност за плаќање, со надеж дека во иднина ќе успее да се реструктуира и повторно да го активира проектот.

„И покрај сите вложени напори, АС Монако Баскет се најде во состојба на неспособност за плаќање“, се наведува во соопштението на клубот до навивачите.

Монако не прецизираше кога би можел евентуално да се врати, но порача дека се надева оти „Рока тим“ еден ден повторно ќе заигра во својата сала „Гастон Медесан“.

Со ова, барем засега, завршува проектот кој во изминатите 12 години оствари големи резултати во француската и европската кошарка.

Во тој период Монако освои три титули првак на Франција, четири Лидерс купа, два Купа на Франција и еден Суперкуп.

Најголемиот европски успех го оствари во 2021 година, кога го освои Еврокупот и на Кнежевството му ја донесе првата европска титула во еден екипен спорт.

Потоа Монако двапати стигна до завршниот турнир во Евролигата, а еднаш играше и во финалето на елитното европско натпреварување – пред само година и половина.

Ништо од АБА 2

Монако претходно поднесе барање за влез во АБА 2-лигата, но сега е јасно дека од тоа нема да има ништо.

Клубот во прошталната порака истакна дека за најголем успех ја смета заедницата изградена околу екипата, заблагодарувајќи им се на навивачите за поддршката и порачувајќи дека наследството на Монако нема да исчезне.

Иднината на машката кошарка во Кнежевството сега преминува во рацете на здружението АСМ, неговите челници, тренерите, младинските категории и првиот тим кој се натпреварува во француската Национал 3 лига.

Монако оваа транзиција ја опиша како „предавање на факелот“, со надеж дека црвено-белите бои еден ден повторно ќе се вратат на највисокото ниво на европската кошарка.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка

Англија ја декласира Хрватска со 7:0 и ѝ го нанесе најтешкиот пораз во историјата

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“